Ракомет

Сигурен чекор на Охрид: финале на турнирот „Вук Рогановиќ“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид обезбеди пласман во финалето на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“, кој се одржува во Белград, откако во полуфиналето убедливо го совлада Динамо Панчево.

Македонскиот претставник одигра зрел и контролиран натпревар, а предноста ја најави уште во првиот дел, кој го заврши со водство од 14-11. Во продолжението, српскиот тим во неколку наврати успеа да се доближи на два гола негатива, но Охрид не дозволи резултатски пресврт.

Клучен фактор во завршницата беше голманот Пилиповиќ, кој со неколку интервенции во серија ја скрши надежта на противникот. Пет минути пред крајот охриѓани стигнаа до плус шест, со што целосно ја затворија средбата и ја потврдија победата од 27-20.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Партизан и Тримо Требње, а победникот од тој дуел ќе му биде противник на Охрид во утрешното финале, закажано за 17:00 часот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Јована Атанасовска нова македонска тениска надеж

Младата македонска тенисерка Јована Атанасовска имаше успешен настап на турнирот Прокупље Опен за тенисери и тенисерки до 12 години. Македонската тенисерка во конкуренција...

Останато

Штип подготвен за второто издание на меѓународниот „Трофеј Штип“: Пеливани од седум држави пристигнуваат во градот под Исарот

Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл. В недела (10 мај), на стадионот на ФК Кежовица, ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Пролет го надигра Радовиш во второто полувреме

Ракометарите на Пролет остварија сигурна победа над Радовиш со 37:29 во рамки...

Ракомет

Еурофарм Пелистер експресно се врати на победите: Бутел немоќен во Битола

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со убедлив триумф над Бутел Скопје од 38:28...

Ракомет

Тронот е повторно „црвено-црн“: Вардар со голема победа над големиот ривал

Вардар 1961 по пауза од три години повторно ќе биде шампион на...

Ракомет

Дерби дуел: Вардар и Пелистер во битка што може да ја реши титулата!

Суперлигашката трка за титулата влегува во самата завршница, а вечерва во Скопје...