Ракомет

Атлетик ја врза Котевска до 2029 – јасна порака за иднината на клубот

Сподели
ФОТО: ЖРК Атлетик
Сподели

Женскиот ракометен клуб Атлетик продолжува со градење стабилна и долгорочна приказна, откако официјално го продолжи договорот со средниот бек Исидора Котевска, која ќе остане дел од тимот најмалку до 2029 година.

Котевска, родена на 11 април 2006 година во Прилеп, важи за една од најперспективните млади ракометарки во Македонија. Таа својата кариера ја започна во родниот град, настапувајќи за РК Филип Вардар, по што продолжи да се развива во ракометната школа Макалоски и во ЖРК Деспина. Подоцна следуваше преселба во Скопје, каде ги бранеше боите на Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, а од оваа сезона е стандарден дел од амбициозниот проект на Атлетик.

Паралелно со клупскиот напредок, Котевска има и богато репрезентативно искуство. Во 2022 година го доби првиот повик за кадетската репрезентација на Македонија, а во 2023 и 2025 година настапуваше за младинската национална селекција, потврдувајќи го својот континуиран развој и потенцијал.


Продолжувањето на договорот доаѓа по извонредната есенска полусезона на Атлетик, кој доминантно ја заврши Првата женска ракометна лига со 11 победи од исто толку натпревари и максимални 22 бодови. Тимот има четири бода предност во однос на Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ, кои го делат второто место.

Со ваквите потези, Атлетик уште еднаш покажа дека планира сериозно и на долг рок, со јасна визија за настап во елитната конкуренција и важна улога во македонскиот женски ракомет.

Пролетниот дел од сезоната, лидерот на табелата ќе го започне со гостување кај Овче Поле СУ во Свети Николе – натпревар кој ќе биде и прв тест за продолжението на шампионската трка.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!