Останато

Распишан конкурс за најдобрите од спортот во општина Охрид за 2025 година

Сподели
Сподели

Општина Охрид по петти пат по ред го распиша конкурсот за избор на „Најдобрите од спортот во општина Охрид“, со што продолжува традицијата на вреднување и наградување на најуспешните спортистки, спортисти, тренери и спортски колективи за резултатите остварени во текот на 2025 година.

Јавниот повик е објавен од страна на градоначалникот на Општина Охрид, а пријавувањето трае до 30 јануари 2026 година до 14:00 часот. Право на учество имаат спортските клубови со седиште во Охрид, националните спортски федерации, како и физички лица – жители на општината, со уредно доставена документација.

  • Богат избор на категории и парични награди

Наградите ќе бидат доделени во повеќе категории, со цел да се опфатат сите сегменти од спортскиот живот во градот:

  • Спортист/ка на годината – плакета и 45.000 денари

  • Охридска спортска надеж (индивидуален и колективен спорт, мажи и жени) – плакета и по 15.000 денари

  • Тренер на годината – плакета и 20.000 денари

  • Спортска екипа на годината – плакета и 15.000 денари

  • Спортист/ка кој/а не е од Охрид, а настапува за екипа од Охрид – плакета и 15.000 денари

  • Спортист/ка од Охрид кој/а настапува надвор од градот – плакета и 15.000 денари

  • Спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби – плакета и 20.000 денари

  • Охридска спортска легенда – за посебни заслуги во спортот – плакета и 20.000 денари

  • Спортист/ка со најдобар резултат во водени спортови – плакета и 20.000 денари

  • Јасни критериуми и бодовен систем


Изборот ќе се врши врз основа на прецизно утврдени критериуми, дефинирани во Правилникот за „Најдобрите од спортот во општина Охрид“. Во предвид се земаат резултати остварени на државни, балкански, европски и светски првенства, како и учества на големи меѓународни натпреварувања.

За секоја категорија е предвиден бодовен систем, со корективни фактори за неолимписки спортови, јуниорски категории и спортисти со посебни потреби. Гласањето го врши комисија составена од седум члена, формирана со одлука на градоначалникот, а во случај на ист број бодови, наградата може да се подели.


  • Крајниот збор го има комисијата

По завршување на рокот за пријавување и разгледување на пристигнатите кандидатури, комисијата ќе ја донесе конечната одлука, а резултатите ќе бидат официјално објавени на веб-страницата на Општина Охрид по свеченото доделување на наградите.

Со овој конкурс, Охрид уште еднаш испраќа порака дека спортот е важен дел од локалната заедница и дека успехот, трудот и посветеноста на спортистите заслужуваат јавно признание.


Повеќе информации за конкурсот за доделување награди и признанија во изборот на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Охрид, за 2025 година можете да прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Црна Река со висока гостинска победа, Кратово слави домашен триумф!

Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од...

ФудбалФутсал

Лидерот Проект во еден „потег“ го реши Мал Ајакс, Клими го „среди“ Балкан

Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од...

Поврзани написи
Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за својот голем...

Останато

Европскиот шампион Петар Мијалков од Македонија ги стартуваше подготовките во Шпанија

По блескавата 2025 година во која го покори Стариот Континент и стана...

Останато

Купот на ОФМ по 15 години повторно во Скопје

Финалниот турнир од Купот на ОФМ 2026 во машка и женска конкуренција,...

Останато

Наковски Волеј победник во струмичкото дерби против Струмица Жени

Одбојкарките на ОК Наковски Волеј остварија победа од 3:1 во сетови (25:20,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!