Прва лигаФудбал

Работнички ги престави Зија Мерџани и Сухељ Мухареми како први зимски засилувања

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Поранешниот македонски шампион Работнички официјално ги започна кадровските промени пред пролетниот дел од сезоната, промовирајќи две нови имиња во својот состав. „Романтичарите“ денеска ги претставија Зија Мерџани и Сухељ Мухареми, фудбалери од кои се очекува значаен придонес во борбата за опстанок во Првата лига.

Левиот бек Зија Мерџани пристигнува како искусно решение за одбранбената линија. 30-годишниот фудбалер зад себе има богато прволигашко искуство, со настапи за Шкендија и Струга Трим Лум, а со стружани беше дел и од генерацијата што ја освои историската шампионска титула. Со Работнички потпиша шестмесечен договор и ќе биде директно вклучен во мисијата за зачувување на прволигашкиот статус.

Покрај него, нов член на скопскиот тим е и Сухељ Мухареми, играч од средниот ред кој доаѓа од редовите на Шкупи. Поранешниот младински репрезентативец на Македонија треба да донесе свежина, енергија и стабилност во средината на теренот, во период кога секој бод ќе има огромно значење.

Работнички есенскиот дел од сезоната го заврши на претпоследната позиција со само седум освоени бодови, па јасно е дека пролетта ќе донесе пеколна борба за опстанок. Под водство на тренерот Муарем Муарем, клубот се обидува навреме да го засили ростерот и да ја зголеми конкуренцијата во сите линии.

Со овие два трансфери, Работнички испраќа јасна порака дека нема лесно да се откаже и дека до последно ќе се бори за останување во елитното друштво.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ние играме на домашен терен, одиме на три бода со секого и се надевам дека на крајот бодовите ќе останат во Кавадарци

Во Кавадарци денеска Тиквеш ќе го нагости тимот на Брегалница, во првиот натпревар од 9. коло во Првата македонска фудбалска лига, и прв...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со Арсими. Кратовскиот тим веќе е во резултатска криза, после трите порази,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Арсими и Силекс, Стојанче Стојанов на Башкими и Струга Трим Лум

Денес со два натпревари се отвара деветтото коло во Првата македонска фудбалска...

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!