Останато

Делегацијата на ОФМ гости на 80-годишнината на Албанската одбојкарска федерација

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), Петар Јовановски, заедно со потпретседателот Хабил Ајети и генералниот секретар Филип Деспотовски, викендов присуствуваа на свечената прослава во Тирана, по повод 80-годишнината од основањето на Албанската одбојкарска федерација.

Двете федерации негуваат одлична соработка и стабилно партнерство низ годините, што уште еднаш беше потврдено на свечената гала-вечер. Во таа пригода, ОФМ му подари на претседателот на Албанската одбојкарска федерација, Ерлинд Плумб, плакета со ликот на Мајка Тереза.

Јовановски, Ајети и Деспотовски беа дел од елитата на европското одбојкарско семејство, заедно со претседателот на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ), Роко Сикириќ, како и извршниот директор на ЦЕВ, Вук Карановиќ, кои заеднички го одбележаа значајниот јубилеј на Албанската федерација.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Стадионот во Големо Коњари доби столчиња донација од ФФМ

Стадионот во прилепско Големо Коњари ќе има подобар изглед, откако пристигнаа столчињата кои се донација од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Со оваа...

Втора лигаФудбал

Ивана Пројковска ќе им суди на Камјани и Осогово, Стојанче Стојанов на Пелистер и Брера

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од второто коло на Втората македонска фудбалска лига. Ивана Пројковска ќе им суди...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!