Останато

Тениската федерација со важно известување: Без лекарско уверение нема настап на турнирите од 1 февруари 2026

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Тениската федерација на Македонија упати важно известување до сите тенисери кои настапуваат на турнирите од официјалниот календар на федерацијат. Согласно важечкиот Правилник за здравствена заштита, сите натпреварувачи се должни да извршат лекарски преглед кај специјалист по спортска медицина.

Лекарското уверение, кое не смее да биде постаро од шест месеци, треба да биде прикачено на личниот профил на официјалната платформа на федерацијата, како и доставено до матичниот клуб на тенисерот.

Од Тениската федерација на Македонија потенцираат дека оваа обврска е задолжителна за сите учесници, а од 1 февруари 2026 година, тенисерите кои нема да имаат валидно лекарско уверение нема да можат да се пријавуваат на турнирите од календарот на федерацијата.

Со оваа мерка, федерацијата има за цел да ја унапреди здравствената заштита и безбедноста на сите активни тенисери.


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!