Останато

Злато за Македонија: Матеј Белистојаноски триумфира на Карате 1 Серија А во Тбилиси

Сподели
ФОТО: karate gallery Sanan M.N
Сподели

Македонскиот каратист Матеј Белистојаноски кој е член на Карате клуб Олимпик – Аеродром ја испиша својата победничка приказна на Светска сцена, оствари извонреден успех на Карате 1 Серија А турнирот во Тбилиси, Грузија, освојувајќи златен медал во категоријата до 67 килограми.

Во вториот натпреварувачки ден, Белистојаноски извојува вкупно шест победи и со тоа го донесе првиот меѓународен медал за Македонија во 2026 година. Македонскиот репрезентативец доминираше во силна конкуренција и покажа одлична форма на почетокот од новата сезона.

Резултати на патот до златото:

  • Матеј Белистојаноски – Хамидреза Рахабријанјазди (Иран) 8-0

  • Матеј Белистојаноски – Даниел Бартолета (Англија) 7-4

  • Матеј Белистојаноски – Даниел Бирку (Романија) 7-4

  • Матеј Белистојаноски – Боран Берак (Хрватска) 4-0

  • Матеј Белистојаноски – Владислав Велко (Украина) 7-7

Во финалето, Белистојаноски беше подобар од Абдул Вахабов Рашидов од Узбекистан, победувајќи со резултат 7-7 и освојувајќи го златниот медал.

Овој успех претставува одлична најава за предизвиците што го очекуваат Матеј во текот на 2026 година и потврда дека македонското карате има сериозен кандидат за највисоки дострели на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!