Ракомет

ЕХФ ги „избриша“ Николов и Начевски за ЕП 2026 – Македонија останува со еден судиски пар

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да ја повлече номинацијата на македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за машкото Европско првенство 2026, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка. Со оваа одлука, Македонија од првично планираните два судиски пара, ќе биде претставена само со Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Причината за ваквиот потег на ЕХФ е сомнеж за манипулација на видео-снимките од задолжителниот „Мултистејџ фитнес тест“, кој е дел од стандардната процедура за подготовка на судиите за големите натпреварувања, се наведува во соопштението на ЕХФ. По анализите спроведени од официјалниот фитнес-партнер Fitgood Pro и интегритетниот партнер Sportradar, утврдено е дека постои висок степен на веројатност дека доставените видеа не биле автентични.

ЕХФ најави дека случајот ќе биде предмет на понатамошна истрага и дека го задржува правото да покрене и правни постапки. И покрај оваа одлука, од Европската куќа на ракометот информираат дека функционирањето на судискиот систем на ЕП 2026 нема да биде нарушено и дека ќе настапат вкупно 17 судиски пара.

Сподели
Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!