Турнири

ФОТО: Дим Метал фуриозно во финалето против Пицерија Дивино за прво место на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Екипата на Дим Метал од Неготино е победник на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, откако во големото финале славеше со убедливи 8:3 над Пицерија Дивино од Босилово.

Фуриозен меч за тимот од Неготино кој беше фантастичен во текот на целиот меч и ги доби популарните „пици“ од Босилово, кој овој пат нема сили за расположението противник и буквално „изгореа“ во високиот пораз и пред многубројната публика.

Во малото финале или во мечот за трето место беа постигнати исто така голем број на погодоци, вкупно десет, за славје на Електро Петар над Баламов Компани од 3:7.

Најдобар играч беше Димитар Чоков од екипата на Дим Метал, додека пак Илија Јанкулов беше прогласен за најдобар голман на турнирот.

Победникот освои фантастични 180.000 денари, второпласираниот тим освои 100.000 денари, а пак третопласираниот тим се „почести“ со парична награда од 60.000 денари, а 30.00 денари доби четвртопласираниот тим.

Фантастична атмосфера, месец исполнет со добри натпревари, полна трибина, публика која даваше силна поддршка со одлично навивање, многу погодоци, пресврти, порази за елиминации и победи за секој наредна фаза – успешно заврши турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со неверојатна организација.

Спортска Мрежа по првпат беше медиумски покровител на овој турнир во мал фудбал, за што искрено сме горди на соработката и фактот што се помина во најдобар ред на самиот терен во Стојаково.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Турнири

OHRID WOMEN’S CUP со отворена можност за секое девојче – не е потребно да биде дел од клуб!

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание...

Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!