Турнири

Пицерија Дивино и Дим Метал во големото финале на турнирот “Стојаково 2025” 

Сподели
Сподели

Синоќаа беа одиграни полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, а како и во претходните вечери, така и вечерва публиката проследи неизвесни и атрактивни натпревари.

Во првиот полуфинален меч тимот на Дим Метал се соочи со Електро Петар каде конечниот исход беше 2:2 во конечниот дел, а во пенал серијата подобра беше екипата на Дим Метал со 2:1 која се „чекирање“ во големото финале.

Во вториот полуфинален меч Пицерија Дивино беше на мегдан со Баламов Компани, натпревар полн со предизвици, погодоци, возбуда а резултатот беше 2:3 што значи дека популарните “пици” од Босилово патуваат во големото финале.

Во финалето ќе се соочат Дим Метал и Пицерија Дивино, а во мечот за трето место ќе играат Баламов Компани и Електро Петар од Гевгелија.

Спортска Мрежа медиумски го поддржува по првпат овој турнир во мал фудбал кој се игра во Стојаково.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Турнирот „Петровден“ без компромис: Екипата „Бел Мерцедес“ го заврши настапот во Мешеишта

Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта испратија јасна порака дека правилата и принципите остануваат над сè, без разлика за...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Силекс ја темпира формата во Охрид – одлична атмосфера

Прволигашот Силекс од Кратово продолжува со темпирањето на формата во Охрид, а освојувачот на Купот на Македонија во градот покрај Охридското Езеро веќе...

Поврзани написи
Турнири

Турнирот „Петровден“ без компромис: Екипата „Бел Мерцедес“ го заврши настапот во Мешеишта

Организаторите на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта испратија јасна...

Турнири

Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо“ повторно ќе ги обедини љубителите на малиот фудбал во Дебреште

И оваа година во Дебреште ќе продолжи традицијата на Меморијалниот турнир во...

Турнири

ФОТО: Инекс Олгица го освои турнирот во Ресен, АСП Пак втор, тимот на Студио 13 до трето место!

Синоќа пред многубројна публика беа одиграни последните два натпревари со што успешно...

Турнири

ФОТО: Познати се групите за турнирот во мал фудбал „Конче 2026“

Од петок (26 јуни) општина Конче ќе пулсира во ритамот на малиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!