Фудбал

Истражување: Работата на Масар Омерагиќ во ФФМ високо оценета од јавноста

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија ги објави резултатите од Аналитичкиот извештај за јавна перцепција 2025, изработен врз основа на независно истражување на јавното мислење. Истражувањето не е нарачано од ФФМ, а е спроведено од агенцијата „Фјучар Инвест“, согласно европските стандарди за спортска аналитика и принципите на UEFA Good Governance Framework.

Истражувањето е реализирано на репрезентативен примерок од 1.563 испитаници, преку телефонски и онлајн интервјуа, со целосна географска покриеност на Република Македонија, во периодот од 15 ноември до 5 декември 2025 година. Анализата обезбедува мерливи, валидни и објективни податоци за ставовите на јавноста во однос на состојбите во македонскиот фудбал, довербата во институцијата, перцепцијата за раководството, националните селекции и очекувањата за развој до 2026 година.

Висока доверба во ФФМ

Резултатите покажуваат дека 78% од испитаниците имаат висока или многу висока доверба во ФФМ, што претставува исклучително позитивен показател во контекст на јавните институции. Дополнителни 12% имаат неутрален став, додека само 10% изразуваат ниско ниво на доверба, што укажува на стабилен институционален кредибилитет и широка јавна поддршка.

Транспарентност и отчетност

ФФМ добива високи оценки во доменот на добро управување:
– 80% сметаат дека Федерацијата постапува отчетно и одговорно
– 62% оценуваат дека комуникацијата е транспарентна
– 75% ја оценуваат транспарентноста како целосна или делумна

Негативните оценки во овој сегмент се движат меѓу 6 и 8%, што е значително под европскиот просек.

Перцепција за претседателот Масар Омерагиќ

Јавната поддршка за претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, е исклучително висока:
– 89% ја оценуваат неговата работа како добра или многу добра
– 57% сметаат дека има многу високи лидерски способности
– 52% оценуваат дека обезбедува стабилно управување

Негативните оценки се под 2%, што укажува на силен легитимитет и стабилност во раководењето – еден од клучните индикатори според УЕФА.

Интегритет и фер-плеј

Истражувањето покажува исклучително позитивна перцепција за регуларноста на натпреварите и интегритетот:
– 86% сметаат дека ФФМ ги почитува принципите на фер-плеј
– 76% веруваат дека натпреварите се секогаш или често регуларни
– Само 3% имаат негативна перцепција

Овие резултати ја позиционираат Македонија над регионалниот просек во овој сегмент.

Селектор и младински систем

Перцепцијата за тогашниот селектор е поделена, што укажува на висок јавен интерес и очекувања:
– 39% позитивни оценки
– 19% неутрални
– 42% негативни

Истовремено, 50% од испитаниците се задоволни од развојот на младинските категории, а 76% сметаат дека ФФМ инвестира во развојниот фудбал, што претставува солидна основа за идни програми и реформи.

Домашна лига и клубови

– 60% позитивно го оценуваат квалитетот на домашната лига
– 40% позитивно ги оценуваат клубовите, со доминација на неутрални ставови

Овие резултати ја нагласуваат потребата од понатамошни инвестиции во инфраструктурата, младинските школи и професионализацијата на клубовите.

Очекувања за 2026 година

Јавноста покажува умерен оптимизам:
– 48% очекуваат напредок
– 34% очекуваат континуитет
– 18% предвидуваат пад

Јасна поддршка за стратешкиот правец

Во однос на долгорочните политики:
– 71% веруваат дека тековните политики водат кон напредок
– 75% се задоволни од стратешкиот правец
– 87% би ја поддржале ФФМ и во наредните 12 месеци

Истражувањето потврдува дека ФФМ ужива висока доверба, стабилна јавна поддршка и позитивна перцепција во клучните сегменти на управување, интегритет и визија, што претставува цврста основа за понатамошен развој на македонскиот фудбал и зајакнување на меѓународниот кредибилитет на Федерацијата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!