Турнири

Возбудливо финале и пенал-драма кај јуниорите – Џокер Фурка победник на „Стојаково 2025“

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ понуди многу возбудувања и кај јуниорите од генерацијата 2012/2013, каде младите фудбалери покажаа голема желба, борбеност и талент.

Во малото финале, екипите на Mild Home Store и Уни Глобал одиграа неизвесен натпревар кој заврши без победник во регуларниот дел (2:2).

Победникот беше одлучен по изведување на пенали, каде Mild Home Store беше посмирен и славеше со 2:1, освојувајќи го третото место.

Во големото финале, тимот на Цокер Фурка одигра одличен натпревар и со убедливи 5:1 ја совлада екипата на У10 – Гевгелија, заслужено освојувајќи го шампионскиот пехар во оваа генерација.

Финалните натпревари кај јуниорите донесоа спортско другарување, радост и аплаузи од трибините, а младите фудбалски надежи уште еднаш покажаа дека иднината на фудбалот е светла.

Спортска Мрежа по првпат медиумски го поддржува турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Ќе биде тежок меч, но веруваме во успех!“ – Охрид подготвен за предизвикот!

Охрид е пред уште еден голем европски предизвик, натпревар што носи тежина, притисок, но и огромна можност за успех. Во пресрет на реваншот...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пресече: Објавен поширокиот список за дуелот со Словачка

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го соопшти поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за претстојниот бараж дуел со...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!