Турнири

Баламов Компани пресилен на “Стојаково 2025”, Електро Петар го исфрли Алупласт

Сподели
Сподели

Вистинска драма и возбудувања понудија четвртфиналните натпревари кај сениорите на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“, каде што публиката уживаше во борба за секоја топка, атрактивни потези и многу голови.

Во еден од највозбудливите дуели, Алупласт Васил Јосифово и Електро Петар одиграа меч полн со темпо и шанси, но екипата на Електро Петар покажа поголема конкретност и со победа од 2:4 обезбеди пласман меѓу најдобрите четири.

Во вториот четвртфинален натпревар немаше дилеми – Баламов Компани одигра доминантно и со убедливи 11:1 го елиминираше тимот на Еклер Транс, испраќајќи јасна порака дека сериозно атакува на трофејот.

Четвртфиналната фаза донесе емоции, радост, но и разочарување поради елиминацијата, а турнирот „Стојаково 2025“ уште еднаш покажа дека е вистински спортски спектакл.

Спортска Мрежа по првпат медиумски го поддржува турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!