Младински фудбалФудбал

Новогодишна магија во СЦ „Пандев“: Дедо Мраз ги израдува најмладите фудбалери и фудбалерки

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, управата на клубот и годинава ја продолжи убавата традиција и организираше Новогодишно дружење со Дедо Мраз за најмладите членови на клубот.

Настанот се одржа во СЦ „Пандев“, каде што дечињата – фудбалерчиња од генерациите 2013 до 2020 година имаа можност да се фотографираат со Дедо Мраз и да добијат новогодишни пакетчиња. Радоста и насмевките беа присутни на секој чекор, а празничната атмосфера го исполни спортскиот центар.

Новогодишни подароци добија и најмладите девојчиња од ЖФК Брера Тиверија, со што уште еднаш беше испратена силна порака за еднаква поддршка и внимание кон сите млади спортисти.

Ова традиционално дружење се организира секоја година со цел да се поттикне другарувањето, спортскиот дух и меѓусебната поврзаност меѓу најмалите фудбалери, но и со младите спортисти од други клубови.


Вкупно околу 400 дечиња добија новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, а од клубот беше упатена искрена желба за многу здравје, радост и спортски успеси во 2026 година.

Спортот и другарувањето остануваат во срцето на оваа празнична приказна.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!