ФудбалФутсал

Форца е незапирлива, пет екипи без триумф, Кеги Моби со најмногу примени погодоци!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

По четири одиграни кола во Првата футсал лига на Македонија екипата на Форца е на врвот од табелата со четири од четири и максимални 12 бодови на своето конто.

Низ статистика Форца го има најефикасниот напад со постигнати 41 гол, откако во последното одиграно коло односно четвртата рунда Форца со 6:1 го збриша Јувентус Серава.

Максимални 12 бодови на своето конто има и Шкупи кој е втор, а овој тим ја има најдобрата одбрана која има примено само четири погодоци на четири натпревари, а во последното коло Шкупи со 6:2 го декласираше Клими од Кавадарци.

Повратникот Проект со 3:6 го прегази Кеги Моби среде Велес за нов победа, а пак велешани запишаа нов пораз со што и натаму остануваат без можноста да запишат победа.


Железарец со 4:1 беше убедлив против Бутел, а најмногу погодоци во четвртото коло паднаа во Крива Паланка вкупно 11 за триумф на Осогово од 7:4 над Црна Река.

Токму Проект има десет бодови со што повратникот е на третото место, сите останати екипи имаат едноцифрен број на освоени бодови.

Железарец е четврти со девет бодови, а пак Осогово е петти со седум бодови и веднаш има драстичен пресек на табелата.

Клими е шестти со два бодови на своето конто, а пак Бутел е седум исто така со два бодови. Јувентус е на осми на табелата со само еден бодн а своето конто, Кеги Моби е на претпоследното место со еден бод на своето конто, а овој тим има примено најмногу погодоци дури 32, а на дното без бодови и натаму е Црна Река од Кавадарци без бодови.

  • ПРВА ФУТСАЛ ЛИГА ТАБЕЛА 4. КОЛО:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на македонската репрезентација, искусниот Иван Стојановски – Шваба. 35-годишниот Стојановски во тимот...

Останато

ВИДЕО: Team Carvalho Macedonia организираше стручен семинар во Радовиш со Наде Ристов: Ново знаење и искуство за младите спортисти

Во спортската сала на клубот за бразилско џиу-џицу Team Carvalho Macedonia од Радовиш под водство на Методија Зајков денес се одржа стручен семинар,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Мега засилување на голот на шампионот: Проект се засили со Иван Стојановски – Шваба

Македонскиот футсал шампион Проект за новата сезона се засили со голманот на...

ФудбалФутсал

ФОТО: Шампионот Проект ја започна втората фаза од подготовките

Македонскиот футсал шампион Проект ја започна втората фаза од подготовките, која се...

Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона,...

Втора лигаФудбал

Беласица подобра од Кожуф на пријателски натпревар

Второлигашите Кожуф и Беласица одиграа пријателски натпревар каде струмичани беа подобри со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!