Вечерва продолжија возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со нови натпревари. Во јуниорска конкуренција се одигра еден натпревар од генерација 2010/2011 каде победник немаше откако Mild Home Store и Бригада 12 одиграа 2:2.
Кај сениорите тимот на Дивино од Босилово одигра два меча еден по друг, популарните „пици“ првиот меч против Млаз Инженеринг го добија со високи 7:4, а пак на вториот меч загубија од Алупласт Васил од Јосифово со 4:3. Вториот меч беше пеколен, а „пиците изгореа“ во последните секудни кога примија гол за пораз, откако претходно водеа и со 1:3.
Утре на програмата ќе бидат четири натпревари, два кај јуниорите, а два кај сениорите.
Во 18 часот меч од генерација 2010/2011 каде Mild Home Store ќе игра со Маркет Го-Да Чонов Микро, а од 18:30 часот окер Фурка ќе игра со Уни Глобал генерација 2012/2013.

Кај сениорите во 19 часот Кафе Бар Проект на мегдан со Џокер од Фурка, а пак во 19:45 часот Дим Метал од Неготино ќе ги одмери силите со Баламов Компани од Негорци.
Спортска Мрежа по првпат медиумски е покровител на овој спортски настан.