РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Елкан Мамадов, еден од најблиските соработници на Џани Инфантино во посета на ФФМ: Импресивно е што ФФМ постигна за само една година

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и претседателот Масар Омерагиќ, денеска во „Куќа на фудбалот“ беа домаќини на Елкан Мамадов, директор за асоцијации и развој во ФИФА и еден од најблиските соработници на претседателот Џани Инфантино.

Во рамки на посетата, високиот претставник на ФИФА, оствари работна средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Леонид Јандреоски, на која разговараа за актуелните активности на Федерацијата, стратешките приоритети за развој на нашиот фудбал, како и тековната и идната поддршка од Светската фудбалска Асоцијација.

„Посетата на Елкан Мамадов на нашата федерација, претставува силна потврда за одличната соработка што Фудбалската федерација на Македонија ја има со ФИФА. Поддршката што ја добиваме е исклучително значајна за реализација на нашите стратешки цели, особено во делот на инфраструктурата и зајакнувањето на националните селекции. Во таа насока, во тек се разговори и за организирање посета на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во првата половина на 2026 година. Остануваме целосно посветени на принципите кои се исклучително битни за ФИФА, транспарентност и долгорочен развој на македонскиот фудбал на сите нивоа“.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

Во рамки на посетата на „Куќа на фудбалот“ и средбата со раководството на ФФМ, директорот за асоцијации и развој во ФИФА, Елкан Мамедов, го истакна напредокот што Фудбалската федерација на Македонија го оствари во изминатиот период под водство на Омерагиќ.

„Импресивно е сето она што Фудбалската федерација на Македонија, под водство на претседателот Масар Омерагиќ, го реализираше во период од само една година. Во Доха, на заеднички состанок со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе се разговараше за поддршката од ФИФА за клучни проекти кои имаат суштинско значење за понатамошниот развој на македонскиот фудбал“.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

Посетата на Елкан Мамадов претставува уште една потврда за добрата соработка и силното партнерство помеѓу ФИФА и Фудбалската федерација на Македонија.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!