Прва лигаФудбал

Васоски: Во целина задоволен сум од есенскиот дел, иако Силекс можеше да има повеќе бодови

Сподели
Сподели

Есенскиот дел од сезоната Силекс го заврши на четвртото место со 31 бод од 16 натпревари, и со биланс од 10 победи, едно реми и пет порази. Кратовскиот тим минатата сезона заврши на вицешампионската позиција, а оваа приоритет ќе биде излез во Европа.

Шефот на стручниот штаб Александар Васоски е во целина задоволен од пролетниот дел, иако жали за бодовите од два натпревари – против АП Брера кога од 1:3, на крајот мечот заврши нерешено, и домашниот пораз од Арсими.

„Имаме исто бодови како лани кога бевме есенски прваци, но Вардар и Струга ТЛ освоија повеќе бодови оваа сезона и мораше да се задоволиме со тоа четврто место. Можеше и подобро, жал ми е за мечот со АП Брера каде водевме со 1:3 и на крајот мораше да се задоволиме со бод, и со Арсими на домашен терен кога бевме поразени во ненормални услови за игра. Поразите од сите три водечки екипи не беа со некоја доминантна игра на противниците, туку од наше неисксутво“, рече Васоски.

Тој кажа дека мечот од првото коло против АП Брера и против Работнички во последната етапа биле најдобрите изданија на Силекс во есенскиот дел.

„Тие два натпревари би ги издвоил. Со АП Брера кога победивме 5-0 во првото коло, и во последното против Работнички кога остваривме триумф од 3-0. Исто така сум задоволен од играта на мечот со Шкендија во Тетово. Иако загубивме, сепак, имавме многу шанси, добра игра, и само благодарение на широкиот ростер на противникот и на неискуството на нашиот тим резултатот на крајот не беше во наша корист“, додаде Васоски.

Шефот на струката на кратовскиот прволигаш ги истакна и амбициите за пролетниот дел, како и планот околу играчкиот кадар.

„Прехрабро и преоптимистички е да кажам дека ќе бидеме прваци. Нашата цел е излез во Европа. Имаме уште шест меча со првите три екипи, а Купот потсвесно го посакуваме, каде патот може да биде полесен до пехар и до Европа. Ќе играме наша игра и на пролет, Силекс игра офанзивен фудбал, и кога губиме и кога водиме создаваме шанси, играме добар фудбал, нашите мечеви никогаш не се здодевни, настапуваме дисциплинирано и она кое го бара европскиот фудбал. Што се однесува до играчкиот кадар, ќе биде освежен тимот со неколку нови имиња. Драстични промени ќе има само доколку некои од играчите бидат продадени на некои од заинтересираните клубови од странство. Има интерес за одредени фудбалери, но не знам дали сега би било паметно да ги пуштиме или да размислуваме за трансфери на крајот од сезоната. Ќе видиме деновиве, ќе имаме состанок со раководството, и заеднички ќе одлучиме што е најдобро за тимот“, заклучи Васоски.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од Првата лига жени, откако успешно ја минаа бараж фазата и го...

Поврзани написи
КупФудбал

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории

Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот...

КупФудбалФутсал

Познати судиите кои ќе го судат Куп финалето меѓу Проект и Кеги Моби

Утре во Гевгелија се игра големото финале во футсал Купот на Македонија...

КупФудбалФутсал

Голем интерес за футсал финалето во Гевгелија: Проект и Кеги Моби пред спектакл за Куп трофејот

Гевгелија вечерва ќе биде во знакот на футсалот, а интересот кај спортската...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!