ИнтернационалциФудбал

ФФМ и Омерагиќ со честитки до Шкендија за историскиот европски успех

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Историскиот пласман на Шкендија во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА не помина незабележано.

Македонскиот шампион доби официјални честитки од Фудбалската федерација на Македонија и од претседателот Масар Омерагиќ, кои го истакнаа значењето на овој успех за македонскиот клупски фудбал.

Од ФФМ потенцираат дека настапите на Шкендија на европската сцена претставуваат силна промоција на македонскиот фудбал и потврда дека домашните клубови можат рамноправно да се натпреваруваат со екипи од посилни лиги.

„Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ упатуваат искрени честитки до Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Успехот на Шкендија е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена, а воедно претставува и значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа.

Со надеж за уште поголеми успеси, им посакуваме на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија квалитетни настапи и достојно претставување во продолжението од европските натпревари.“

Во плеј-оф фазата од Конференциската лига, тетовчани ги очекува двомеч против Лех Познањ од Полска или Самсунспор од Турција, а името на противникот ќе биде познато по ждрепката во јануари.

Шкендија со овој успех уште еднаш го потврди својот статус како еден од најстабилните македонски претставници во европските натпреварувања.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!