Останато

Штип УГД есенски шампион во Првата одбојкарска лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Актуелниот бранител на Куп титулата Штип УГД е есенски шампион во Првата одбојкарска лига, откако есенскиот дел го заврши на првото место со десет победи, еден пораз и 31 бод на своето конто.

Актуелниот шампион Струмица ќе презими како втор со 29 бодови на своето конто, а пак Работнички ќе биде трет со 24 бодови.

Штипјани зад себе имаа успешна 2025 година – одбранета Куп титула, а имаа и одлично претставување на европската сцена. Актуелниот куп освојувач успеа да го елиминира норвешкиот Кол Ил од Осло и да ја забележи првата европска победа, а со тоа обезбедија и 1/16 финале од Челинџ Купот каде во првиот меч загубија со 0-3 во сетови од италијанскиот гигант Алијанц Милано, а на 6 јануари следува ревашот.

Без бодови есенскиот дел го завршија екипите на Скопје и Јанта Волеј.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!