ИнтернационалциФудбал

Историја за мак-фудбалот: Шкендија обезбеди европска пролет ќе игра во плеј-оф во Конференциската лига

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија испиша златни страници во клупската историја, откако и покрај минималниот пораз од АЕК Ларнака (1-0) на гостински терен, обезбеди пласман во плеј-оф фазата од Конференциската лига на УЕФА и европска пролет – нешто што досега не му успеало на ниту еден македонски клуб.

Тетовскиот тим го одигра натпреварот со јасна цел и дисциплиниран пристап, знаејќи дека судбината не зависи само од овој дуел. Шкендија настапи храбро уште од самиот почеток и прва се закани преку Роналдо Вебстер, чиј удар во раната фаза беше одбранет од голманот на АЕК. Во текот на првото полувреме македонскиот првак делуваше организирано и стабилно во дефанзивата, а домашниот тим ретко успеваше да создаде посериозна опасност.

Во завршницата од првиот дел АЕК успеа да ја затресе мрежата, но по реакција од ВАР-собата погодокот беше поништен поради недозволена позиција, што дополнително ја зацврсти вербата кај избраниците на Јетон Беќири.

Вториот дел донесе компликации за Шкендија, откако Лиридон Љатифи доби директен црвен картон, па тетовчани повеќе од 40 минути играа со фудбалер помалку. И покрај тоа, македонскиот шампион успеа долго време да се брани компактно и организирано.


Отпорот беше скршен во финишот, кога по прекин и удар од аголот, Ангиелски погоди со глава и му донесе победа на АЕК. Сепак, примениот гол не ја промени конечната слика – останатите резултати од групата одеа во прилог на Шкендија, која ја задржа позицијата меѓу најдобрите 24 екипи во натпреварувањето.

Со тоа, тетовци обезбедија пласман во нокаут фазата, продолжувајќи ја европската авантура и поставувајќи нов репер за македонскиот клупски фудбал.

И покрај поразот на Кипар, Шкендија има многу причини за гордост – европска пролет, историски успех и доказ дека македонските клубови можат рамноправно да се носат на европската сцена.


Сподели

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!