Ракомет

Сигурно Куманово против Струга за трета радост сезонава!

Сподели
ФОТО: МРК Куманово
Сподели

Со сигурна и доминантна игра, Куманово ја совлада Струга со убедливи 32-19 и на најдобар можен начин ја затвори 2025 година. Ова е третата победа за кумановскиот тим сезонава во Супер лигата.

Дуелот беше неизвесен само во воведните дваесетина минути, по што домаќините ја презедоа контролата и на паузата заминаа со предност од 15-10. Во продолжението, Борјан Цековски со серија голови ја донесе првата двоцифрена разлика (21-11), по што победникот беше јасен.

Александар Стојков и Цековски беа најефикасни кај Куманово со по шест погодоци, додека кај Струга најмногу се истакна Стефан Атанасовски, исто така со шест голови.

Со овие бодови, Куманово се искачи на 10. место со седум поени, додека Струга останува 11-та со шест бодови.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!