Останато

Јован Илиев триумфираше на 25. издание на „Легендите на Спартак“ во Кочани

Сподели
Сподели

Во Кочани викендов се одржа 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“, настан кој со години претставува симбол на почит и сеќавање на историјата и традицијата на боречкиот клуб Спартак.

Јубилејниот турнир, кој своите почетоци ги има како меморијал „Андонов“, а подоцна и „Андонов Колев“, денес е посветен на сите починати борачи на БК Спартак – Кочани. Годинава, меморијалот имаше и силна емотивна димензија, бидејќи беше посветен на 63-те млади животи трагично згаснати во несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а генерален покровител на настанот беше Општина Кочани.

На турнирот настапија околу шеесет борачи од Македонија, Бугарија и Косово, кои прикажаа квалитетни и борбени настапи, потврдувајќи го меѓународниот карактер и значењето на ова натпреварување.

Најуспешен на турнирот беше Јован Илиев од редовите на Спартак, кој го освои главниот трофеј „Легендите на Спартак“. Признанието за најдобар домашен борач ѝ припадна на Славица Митева (Спартак), за најдобар техничар беше прогласен Марко Јорданов од Балканец – Штип, додека титулата најдобар странски борач ја понесе Јона Ракоци од Качаник, Косово.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, претседателот на Советот Александар Андов, претседателот на Боречката федерација на Македонија Дејан Богданов, како и боречките ветерани Мане Јорданов и Влатко Соколов, кои беа наградени со благодарници за својот долгогодишен придонес во афирмацијата и развојот на борењето.

Со успешно реализираното јубилејно издание, меморијалот „Легендите на Спартак“ уште еднаш потврди дека Кочани останува значаен центар на боречкиот спорт и место каде што се негуваат спортските и човечките вредности.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!