Прва лигаФудбал

Пелистер на зимски подготовки во Анталија

Сподели
Сподели

Битолскиот прволигаш Пелистер есенската полусезона ја заврши на деветтото место со 16 бодови на своето конто, со учинок од четири победи, четири ремија и осум порази.

Тренерот на Пелистер, Милан Стојаноски откри дека тимот на зимски подготовки ќе замина во Анталија, каде на турско тло ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари.

Притоа, тој истакна дека Пелистер ќе се засили со најмалку четири фудбалери на четири позиции, а првиот собир ќе го имаат веднаш после Божикните празници.

“Во паузата меѓу двата дела на сезоната мора да се размислува и да се поправат слабите точки кои ги забележавме оваа есен. Поради различни причини, клубот не беше во посакуваната позиција на стартот на сезоната, но сега мислам дека ја имаме комплетната слика и ќе собереме сила да излеземе од кризата. Ќе се потрудиме да донесеме неколку засилувања, најмалку четири фудбалери за четири позиции, а потоа да одработиме квалитетни подготовки, со цел да го дочекаме подготвени пролетниот дел. Првиот собир ќе го имаме веднаш по Божикните празници, а во втората половина на јануари ќе продолжиме за Анталија, каде што покрај подготовките ќе имаме и неколку контролни натпревари”.

Стојаноски зборуваше за резултатите на Пелистер од есенскиот дел и направи еден анализа на се што Пелистер има зад себе оваа есен, а зборуваше и за пролетниот дел, можете да прочитате овде.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!