Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат со креирање на тимот за пролетната полусезона – ќе следуваат разделби, но како што дознава Спортска Мрежа се водат и преговори за квалитетни засилувања.
23-годишниот прилепчанец во Беласица пристигна во јули 2025 година, но во струмичкиот второлигаш не одигра многу, па двете страни решија да се разделат.
Петејчук потекнува од Пандев Талент од Прилеп, беше дел од младинските категории на Вардар, настапуваше за Победа, а настапуваше за германските нисколигаши Бовингхаусен и Рој, како и за тимот на Граничар Ѓурѓевац од Хрватска.
Во следниот период се очекуваат и официјална промоција на првите зимски засилување во редовите на Беласица.