Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Сподели
ФОТО: ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет
Сподели

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот почеток се беше решено кога е во прашање победникот и освојувањето на бодовите.

Најдобриот стрелец во Првата ракометна лига во женска конкуренција, Анастасија Сентовска имаше свое шоу со 14 постигнати погодоци, а пак Јована Ангелковска постигна десет погодоци, кај гостинскиот тим Алтина Хасани ги постигна седумте од десет гола.

Екипата на Ѓорче Петров 2 со убедливи 27:20 славеше над Деспина на домашен терен, а и на овој меч уште од самиот почеток домашниот тим започна да гради сериозна предност од три до четири гола. Но, почетокот од вториот дел донесе топење на разликата кога резултатот дојде на 11:11 со двата гола на Мери Гичева.


Веднаш домашните ракометарки се разиграа и скокнаа на плус пет при 19:14, а до крајот на мечот само ја одржуваа предноста за конечни 27:20. Кај домашниот тим прво име беше Ангела Цветановска со шест гола, а ја следеа Цамара Мацире и Марија Димоска со по пет гола. Кај гостинскиот тим Мери Гичева беше прво име со осум гола.

Колото ќе се затвори на 11 декември со мечот меѓу лидерот Атлетик и Стружанка.


Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!