Младински фудбалФудбал

Брера Струмица есенски шампион во младинската Суперлига

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Младинскиот тим на Брера Струмица ја заокружи есенската полусезона со највисок можен дострел – прво место и титула есенски шампион во младинскиот шампионат на Македонија.

Струмичани демонстрираа константна форма, дисциплина во играта и допадлив фудбал што ги оддели од конкуренцијата. Тимот беше воден со сигурна рака од тренерот Ѓорге Стојчев, чие стратешко планирање и тактичка подготвеност се покажаа како столбови на овој успех.

Во клубот посебно се потенцира важноста на силната организација зад резултатите. Спортскиот директор Зоран Балдовалиев и координаторот на младинската школа Борче Постолов го поставија системот кој создава континуитет – средина во која младите играчи истовремено се развиваат, напредуваат и добиваат вистинско фудбалски воспитување.

Струмичани се единствените непоразени со учинок од 14 победи и едно реми, притоа го имаат најдобриот напад од 67 гола и примени само седум погодоци.

Брера Струмица испраќа силна порака: клубот не само што гради резултати, туку и создава генерации подготвени за предизвиците на сениорскиот фудбал. Есенската титула е само чекор повеќе во долгото патување кон уште поголеми успеси.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција, остануваат уште неколку клубови кои ќе треба да назначат тренери бидејќи...

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!