Ракомет

„Главата горе по Вардар, денес покажавме сериозност“ – Крсманчиќ после триумфот над Пелистер 2

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По болниот пораз од Вардар на домашен терен, во минатото коло, ракометарите на Охрид покажаа дека можат брзо да се опорават, славејќи убедлива победа над Еурофарм Пелистер 2 со 33-20.

Со оваа победа, „гладијаторите“ се зацврстија на третото место на табелата со 23 бодови, веднаш зад Вардар и Еурофарм Пелистер. Веќе во среда, ги очекува гостување кај незгодниот Тиквеш во Кавадарци.

Веднаш по натпреварот, централниот бек на Охрид – Младен Крсманчиќ, во изјава за Спортска Мрежа истакнува дека по поразот од Вардар екипата не се предала, туку останала мотивирана и сериозна. Тој додава дека првенството е долго и дека има уште многу можности за подобри резултати, а денешниот натпревар ја покажал посветеноста на играчите.

„Искрено, после болниот пораз од Вардар во дербито.. на никој од нас тоа не му падна лесно, меѓутоа главата горе – уште баш многу има да се игра. Првенството е долго, така што ништо не е изгубено, можеме уште да играме и да се бориме, па можеби следниот пат ќе бидеме поефикасни и подобри. Така влеговме и во овој натпревар денес, најсериозно го сфативме противникот, а тоа го покажува и резултатот и можам да кажам дека сме задоволни.“- изјави Крсманчиќ.

Победата ја потврди посветеноста и борбеноста на Охрид, а позитивен момент е и фактот што играчите покажаа дека можат брзо да се опорават по болен пораз.

Следното гостување кај Тиквеш ќе биде нов предизвик за охриѓани во продолжението на сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!