Ракомет

ВИДЕО: Пролет се врати на победите – убедлив триумф над Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Тинекс Пролет повторно се врати на победничките патеки, откако во рамки на 14. коло од Суперлигата славеше на гостувањето кај Радовиш со 23-30.

Тренерот Никола Матлиевски можеше да биде задоволен од прикажаната партија на неговите избраници, кои одиграа дисциплинирано и зрело во текот на целиот натпревар.

Радовиш го отвори мечот прилично слабо, дозволувајќи Пролет да стекне резултатска предност уште во раната фаза. До паузата домашниот тим успеа да стабилизира дел од играта, но на полувреме сепак замина со негатива од 10-15.

Во вториот дел Радовиш на моменти се обидуваше да фати резултатски приклучок, но поискусниот состав на Тинекс Пролет не дозволи никаков пресврт.

Гостите го контролираа темпото, ја задржаа високата ефикасност и рутински ги освоија двете значајни бодови.

По натпреварот, тренерот Никола Матлиевски во изјава за Спортска Мрежа ги сподели своите импресии, говорејќи не само за денешниот триумф во Радовиш, туку и за сите претстојни предизвици што го очекуваат клубот до крајот на полусезоната, односно до крајот на 2025 година.

За Радовиш најдобар стрелец со пет гола беше Здравко Постолов, за Пролет најдобри стрелци беа Давор Палевски со седум и Ласко Андоновски со шест реализации.

Во следното коло Радовиш ќе игра против Алкалоид во Автокоманда, а Пролет ќе биде домаќин на Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го совлада Арсими во натпреварот од 8. коло во Првата македонска фудбалска...

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите...

Ракомет

Славиќ пред Прилеп: Фокусот мора да биде на нас, Охрид по нова победа!

По гостинската победа над Бутел Скопје, ГРК Охрид продолжува со обврските во...

Ракомет

(ВИДЕО) Драчево Јуниор реагира на судењето против Радовиш: Бараме само еднакви услови

Драчево Јуниор ремизираше против Радовиш во гости играјќи 33:33 во меч од...

Ракомет

ВИДЕО: Драматично реми на Радовиш и Драчево Јуниор, Трајчевски со девет гола но Преспа загуби, радост за штипјани

Драматична завршница имаше натпреварот во СРЦ „25 Мај“ откако Радовиш и Драчево...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!