Ракомет

ФОТО: Вардар го доби дербито со Охрид – „црвено-црните“ остануваат непоразени!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Вардар 1961 ја продолжува доминацијата во домашното првенство и вечерва впиша уште една голема победа – триумф од 26-28 на жешкото гостување во Охрид. Во атмосфера каде тешко се освојуваат бодови, црвено-црните го задржаа максималниот ефект и ја впишаа 14. победа во исто толку натпревари.

Дуелот во СРЦ „Билјанини Извори“ оправда сè што носи епитет дерби – полни трибини, силен интензитет и две мотивирани екипи. Вардар подобро го отвори мечот, се одлепи на 1-4, па и на 6-10, користејќи го силниот офанзивен ритам и брзата транзиција. Но Охрид не се предаде.

Преку расположените Стрмљан, Иванковиќ, Крсманчиќ и Ѓукиќ, домаќините ја стопија негативата и на полувреме заминаа со само еден гол заостаток (13-14).

ФОТО: Спортска Мрежа

Најголема закана за охридската одбрана беше Украинецот Дмитро Хориха, кој уште во првиот дел уфрли шест гола и беше нерешлива енигма за одбранбената линија на Борис Ројевиќ.


Во продолжението Вардар повторно го крена темпото, врати контролирана игра и стигна до највисоките +5 (20-25). Иако Охрид успеа да намали и да внесе одредена доза неизвесност, сепак, искуството и зрелоста на двапати европскиот шампион беа пресудни во последните десет минути.

ФОТО: Спортска Мрежа

Двојниот удар за Вардар беше црвениот картон на Јанковски во 48. минута, но дури и со скратена ротација гостите успеаја да ја задржат предноста. Голманот Милош Валах имаше клучни интервенции, меѓу кои и зицерот на Ѓукиќ, со што го олесни патот до победата.

Хориха беше прво име на натпреварот со осум гола, следен од Кавада со шест. Кај Охрид, четворица ракометари постигнаа по пет погодоци – Стрмљан, Иванковиќ, Крсманчиќ и Ѓукиќ.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со новиот триумф Вардар останува единствениот тим со максимален учинок, цврсто поставен на врвот и со јасна порака дека и оваа сезона оди по титулата.


Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!