Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Пауновиќ и ОФМ ја завршија четиригодишната соработка – следи избор на нов селектор

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Одбојкарската федерација на Македонија и селекторот на женскиот А национален тим, Стефан Пауновиќ, официјално ставаат крај на четиригодишната соработка. Српскиот стратег, кој во овој период остави видлив и силен печат во работата со репрезентацијата, ја заокружи својата мисија со квалификацискиот циклус за ЕвроВолеј 2026.

Од федерацијата упатуваат искрена благодарност до Пауновиќ за неговиот професионален пристап, дисциплината, меѓусебното разбирање и позитивната енергија која ја внесе во националниот тим. Женската репрезентација под негово водство ја подигна својата конкурентност и забележа значајни поместувања напред.

И двете страни сега тргнуваат кон нови предизвици. Пауновиќ ја продолжува својата тренерска мисија во словачки Ново Место – клуб во кој игра и македонската репрезентативка Ерјона Јонузи.

Одбојкарската федерација на Македонија најавува дека до крајот на 2025 година ќе го именува новиот селектор, кој ќе ја води женската репрезентација во нов циклус и во подготовките за претстојните натпреварувања.

Сподели
Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!