Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија го совлада Азербејџан на стартот на циклусот за ЕП 2029!

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Во првиот натпревар од претквалификациите, селекцијата на Македонија стигна до сигурна и убедлива победа против Азербејџан. Пред домашната публика во СРЦ „Кале“, избраниците на селекторот Марјан Илиевски доминираа во сите сегменти на играта и најавија силен старт во групата „А“ на претквалификациите за Евробаскет 2029.

Македонија одигра одлично прво полувреме, особено во одбраната. Во првите 20 минути им дозволивме на гостите само 21 поен, додека ние реализиравме 40. Јакимовски отвори одлично со 10 поени во првата четвртина, а заедно со капитенот Војдан Стојановски ја иницираа клучната серија која донесе водство 22:13. Во втората четвртина следеше нов силен напад, со кој се одвоивме на 40:21 на полувреме.

Во продолжението Македонија ја контролираше играта и резултатот. Јакимовски со атрактивни потези стигна до 20 поени за водство 63:36, а Зеќири се приклучи со двоцифрен учинок. Во последната четвртина селекторот Илиевски им даде минутажа на сите играчи, кои ја зголемија позитивата до конечниот убедлив триумф.

Статистички, Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл од 25 поени и 11 скока. Стојановски запиша 16 поени и 11 скока, а Зеќири реализираше 17 поени. Дебитантот Омари Мур имаше 6 поени, 6 скока и 9 асистенции.

Во следното коло, на 30 ноември, Македонија гостува во Даблин за дуел со репрезентацијата на Ирска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!