ФудбалФутсал

Конечно радост во Крива Паланка: Осогово го доби Јувентус Серава на крилата на Кристијан Ивановски!

Сподели
ФОТО: КМФ Осогово
Сподели

Првата сезонска радост за Осогово стигна во петтото коло, откако синоќа во Крива Паланка, ланскиот финалист од Купот славеше над Јувентус Серава со 5:4.

Овој голем триумф за домашниот тим доаѓа на крилата на Кристијан Ивановски кој постигна четири погодоци за неговиот тим, а сите погоди ги постигна во вториот дел.

На полувреме гостинот имаше водство од 0:1 со голот на Фуркан Шабани, во вториот дел, Ивановски погоди четири пати за Осогово, а еднаш Кристијан Ристовски, додека пак за Јувентус Серава погоди Ќерим Мамуди, а во финишот на мечот двапати стрелаше Ќендрим Абази.

Тренерот на домашниот тим Бранко Павловски во осум минути заработи два жолти картони и мораше да ја напушти тренерската клупа, откако првиот жолт го доби во 32. минута, а вториот во 40. минута.

Правдата на мечот ја делеа Дарко Радески од Брвеница и Метин Османи од Тетово.

Осогово стигна до своите први бодови односно има учинок од една победа и три порази, а пак Јувентус Серава со шест бодови останува шести.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во...

КупФудбал

КУП: Арсими ја декласираше Могила со 12 гола, хет-трик на Каба, два гола на Гаје

Прволигашот Арсими обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако славеше...

Втора лигаФудбал

Матески и Јахја за три бода на Охрид во Радовиш и прво место, Работнички го доби Тетекс

Охрид е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига откако „рибарите“ славеа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!