Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

„Она што било, останува во минатото“ – Селекторот Илиевски со нова енергија пред претквалификациите

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија повторно е на едно место. Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, кој ќе биде базата на националниот тим во следните денови, селекторот Марјан Илиевски и неговите асистенти Борче Даскаловски и Мирко Петрески ги пречекаа кошаркарите кои ќе конкурираат за настап во претстојните квалификациски натпревари.

Македонија го почнува циклусот од групната фаза во претквалификациите за Евробаскет 2029, а селекторот Илиевски потенцира дека фокусот е само на она што следува.

„Она што било, останува во минатото. Вратите се отворени за сите кои се подготвени да помогнат. Оние кои играа летово го дадоа својот максимум, можеби и над тоа. Сега сме надополнети со поискусни играчи, што не значи драстична промена, но значи дека имаме кошаркари кои носеле тешки и важни натпревари“ – рече селекторот.

Македонија во ноемврискиот циклус ќе се соочи со Азербејџан на 27 ноември во Скопје, а три дена подоцна гостува во Даблин кај Ирска.

„Нема потценување. Нема држави кои не играат кошарка. Не сакам да кажуваме очекувања, наша цел е секогаш да дадеме 100% и да победиме. Во овие три дена ќе работиме да ја воиграме нашата идеја и играчите да одговорат максимално,“ додаде Илиевски.

Говорејќи за Азербејџан, тој откри дека противникот менува странски играч – од центар кон плејмејкер, што ќе влијае на нивната игра. „Различно се претставуваат од меч до меч, ќе анализираме подобро по натпреварот,“ истакна селекторот.

Овој пат Илиевски ќе има на располагање двајца натурализирани играчи – Џејкоб Вајли и членот на Валенсија, Омари Мур, кој се приклучува во среда. Повредениот Матју Сестина ќе паузира два месеца.

„Имаме двајца натурализирани играчи и ќе одлучиме кој ќе игра. Вајли е тука, Мур пристигнува, а ќе видиме на тренинзите кој подобро ќе се вклопи,“ додаде Илиевски.

Со тимот е и Андреј Јакимовски, за кого селекторот има само пофални зборови: „Ни значи многу. Има одлична минутажа во клубот, игра во силна лига и доаѓа со европско искуство.“

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот во чешкиот град Пардубице, кој се игра за награден фонд од...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното издание на БВА Купот, натпреварување кое се одржува под капата на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

„Аџибадем Систина“ официјален медицински партнер на македонската фудбалска репрезентација

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) склучија договор...

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!