ФудбалЧетврта лига

Напредок по први бодови во Злеово, Илинден сака да ги запре „спартманците“ од Балдовци!

Сподели
Сподели

Утрешното шесто коло во Општинската фудбалска лига во Струмица, а ова рунда ветува „пеколни“ натпревари и огромна борба за трите бодови.

Во радовишко Злеово ќе биде „жешко“ – одличната Слога ќе атакува на своето трето славје против „фенерот“ Напредок од Радово кој е „закован“ на дното со пет порази од толку натпревари и единствен тим без бодови.

Лошиот старт кај Радово прави притисок конечно овој клуб да се израдува на позитивен резултат, но против Слога ќе биде исклучително тешко, ако се земе фактот што на теренот во Злеово бодови тешко се освојуваат.

„Спартманците“ од Балдовци се незапирливи – на врвот од табелата без пораз, Илинден сака на својот терен во Добрејци да биде првиот тим кој ќе го „тресе“ Спартмани, но ќе биде исклучително тешко против тим кој го има најефикасниот напад во лигата.

Во Ново Село ќе има израмнет дуел на Огражден и Дрвош, меч на двете екипи кои го бараат третиот сезонски триумф. Огражден ќе биде фаворит поради домашен терен и според досега прикажаното за нијанса подобра статистика од аспект на поефикасен напад и подобра одбрана.

Интер Кукла како фаворит ќе оди да го освои Пиперово, а пак тимот на Единство ќе сака да го запре гостинот и да дојде до своја втора радост сезонава.

Сите натпревари стартуваат во 13 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи, две помалку од минатата сезона. Во сезона 2026/2027 во второлигашката футсал...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред стартот на шестото издание на натпреварувањето две екипи се „распаднаа“ односно...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!