Втора лигаФудбал

Полициски службеници привеле лице од Арачиново по напад врз играч на Брегалница

Сподели
Сподели

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи го привеле 36-годишниот Ш.А. од село Арачиново, кој физички нападнал играч на Брегалница за време на натпреварот против Шкендија 77 на стадионот „Фортуна“ во Скопје.

Натпреварот беше од 13. коло на Втора лига, а се играше вчера.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.“

Натпреварот заврши со победа на Брегалница (1-2), а клубот од Арачиново би можел да се соочи со долга суспензија на теренот и парична казна.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!