Прва лигаФудбал

Силекс со голема победа во Ѓорче Петров – три бода што многу значат

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Силекс запиша важен триумф на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров, славејќи со 1-2 во првиот натпревар од 14. коло во Првата лига. Кратовчани рано го зададоа темпото на игра, постигнувајќи два погодоци уште во воведниот дел од мечот, што на крај се покажа како недостижно за домашниот состав.

Гостите поведоа во 15. минута кога Мартин Мирчевски одлично реагираше по центаршут од десната страна и со прецизен удар со глава го матираше Јанков. Само дванаесет минути подоцна, Силекс ја удвои предноста. По акција по левиот фланг и туркана топка во казнениот простор, најдобро се снајде Илија Донов, кој со прекрасен волеј го погоди десниот агол од голот.

Македонија ЃП не се предаде лесно. Веднаш по примениот втор гол, домашните притиснаа и го искористија киксот на одбраната на Силекс. Христијан Пецов во 32. минута погоди за намалување на 1-2, враќајќи ја неизвесноста на натпреварот.

Во продолжението, мечот се отвори, а двете екипи имаа свои моменти. Силекс беше поблиску до нов погодок – погоди пречка, а свои изгледни шанси имаа Алиќ и Говедарица. На спротивната страна, „лавовите“ се обидоа да го казнат тоа, најблиску до израмнување беше Елмас десетина минути пред крајот, како и Софијановски од слободен удар во финишот, но без реализација.

Со оваа победа, кратовчани освојуваат значајни бодови во битката за врвот и ја продолжуваат позитивната серија. Македонија Ѓорче Петров, пак, останува во долниот дел од табелата, но покажува напредок под водство на новиот тренер Боби Божиновски.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!