Ракомет

Вардар убедливо го совлада Еурофарм Пелистер 2!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер 2
Сподели

Вардар стигна до убедлива победа од 34-24 против младинскиот состав на Еурофарм Пелистер 2, благодарение на искуството и посилната клупа. Мечот се одигра порано, за „црвено-црните“ да се подготват за натпреварот од Лига Европа против Сесвете.

Младите битолчани успеаја да го држат Вардар во неизвесност околу 20 минути, но потоа скопјани полека ги презедоа работите во свои раце. И покрај отсуството на тројцата главни стрелци, Малус, Борозан и Горига, како и неколку други стандарди кои останаа на трибините, Вардар ја презеде контролата во второто полувреме. Предводен од голманот Васил Гогов, кој забележа 14 одбрани, тимот постепено ја зголемуваше предноста и ја потврди победата.

Марио Стојановски и Марек Марчинијак постигнаа по 6 гола, додека Харуки Кавада и Мигел Пинто се истакнаа со по 5 погодоци. Кај гостите, Бојан Гичев беше најпрецизен со 6 гола, но младите пелистерци не успеаја да го задржат темпото на „црвено-црните“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна...

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!