Втора лигаФудбал

Беласица ќе оддаде почит на легендата Томе Стојанов – свеченост во петок пред мечот со Новаци

Сподели
Сподели

ФК Беласица ќе приреди посебен и емотивен момент за сите љубители на фудбалот во Струмица. Во петок, непосредно пред натпреварот против Новaци, клубот ќе одржи мала свеченост во чест на легендарниот фудбалер Томе Стојанов – еден од најзначајните играчи во историјата на струмичкиот клуб.

Стојанов, кој повеќе не е меѓу нас, се наоѓа на петтото место на вечната листа на Беласица по број на првенствени настапи, со вкупно 328 одиграни натпревари. За клубот настапувал во периодот од 1976 до 1990 година, полни 14 сезони, со што е еден од само седуммина фудбалери кои имаат толку долг стаж во дресот на Беласица. Во својата богата кариера постигнал 27 голови, играјќи како лево крило и лев бек.

На свеченоста, претседателот на клубот Славчо Васков – Пинда ќе му врачи плакета и врамeн дрес на синот на Стојанов, како знак на благодарност за огромниот придонес кој неговиот татко го оставил во развојот и традицијата на Беласица.

  • Кариерни мигови кои остануваат запаметени

Томе Стојанов доаѓа во Беласица во 1976 година од Тиверија, а дебитира на гостувањето во Охрид под водство на тренерот Гоце Петровски. Веќе следната година го постигнува првиот гол против Тиквеш во Струмица. Во сезоната 1978/79 е играч со најмногу настапи – вкупно 31.

Како офанзивно лево крило, Стојанов во сезоната 1981/82 постигнува 9 погодоци и е втор стрелец на тимот. Од 1983 до 1987 го брани дресот на клубот во Втората југословенска лига – Исток, играјќи како лев бек и оставајќи силен дефанзивен белег.


Во сезоната 1987/88, со Беласица ја освојува Првата македонска лига и игра на дури 30 натпревари. Во квалификациите против Бокељ и Трепча дава важен придонес за враќање во Втората југословенска лига. Последната сезона ја одигрува во 1989/90, повторно како лево крило, а последниот гол го постигнува против Бор во декември 1989 година.

Ќе остане запаметен како неуморен борец, фудбалер кој секогаш го оставал срцето на терен и кој со својата страст и посветеност оставил траен печат во историјата на струмичкиот клуб.

  • Повик до навивачите

„ФК Беласица ги повикува сите љубители на спортот да присуствуваат на свеченоста и заедно да оддадат почит на големиот Томе Стојанов. Да дојдеме во што поголем број и да го поздравиме неговиот син – во чест на човекот кој беше симбол на борбеност и верност кон Беласица.“


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!