Останато

Сигурни победи на Работнички и Наковски волеј, важна победа и за Струмица жени, Газели волеј го доби дербито во Скопје

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Во шестото коло од Првата женска одбојкарска лига беа одиграни натпревари кои го задржаа високото ниво на конкурентност и ја прикажаа разликата во формата меѓу водечките и останатите екипи.

Екипата на Работнички Скопје запиша убедлива гостинска победа кај Ускана со 0:3 (по сетови со силен ритам и минимален отпор од домаќинот). Работнички продолжува да биде меѓу најстабилните тимови оваа сезона, со игра која се темели на сигурен прием и агресивен сервис.

Во Скопје, Вардар ЕМ и Фит Фан Волеј понудија динамичен дуел, но домаќинките од Вардар успеаја да го наметнат својот ритам и со 3:1 да дојдат до нови три бода. И покрај борбениот пристап на Фит Фан, пресуди искуството и континуитетот на Вардар во клучните поени.

Во Битола, се играше натпреварот помеѓу екипите на  Пелистер Волеј и Струмица Жени каде победата им припадна на гостинките. Струмичанките однесоа важна победа со 1:3, наметнувајќи контрола во играта уште од самиот старт. Пелистер успеа да освои еден сет, но немаше сили за целосен пресврт.

Наковски Волеј одигра сигурен меч и на домашен терен ја совлада екипата на Младост УГД со чисти 3:0. Доминантната игра во блок и брзите транзиции во напад им овозможија лесно да го контролираат резултатот во сите сетови.

Во дербито на колото дебитатот во првата лига  Газели Волеј, пред својата публика славеше со 3:1 против Јанта Волеј – КВ. Газели одигра стабилен натпревар, особено во вториот и третиот сет кога покажаа извонредна концентрација и прецизност во напаѓачките решенија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје...

Останато

Ивановски избори финале на турнирот М25 во Загреб

Македонскиот дејвис куп реперезентативец Калин Ивановски успеа да се пласира во финалето на М25 Загреб турнирот откако во...

Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го...

Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!