Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија во Славонски Брод по нов подвиг: Сениорките веруваат во победа над Хрватска

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели

Вечерва од со почеток од 18:00 часот, во Славонски Брод, македонската женска кошаркарска репрезентација ја очекува тежок дуел со Хрватска. Иако домаќинките важат за силен и традиционално незгоден противник, добрите настапи против Данска и Грција донесоа нова самодоверба во нашиот табор.

Во тоа е убедена и Анџелика Митрашиновиќ, која уште еднаш потврди дека е лидер на овој тим. Со одличните настапи на средбите со Данска, и со Грција.

„Мислам дека секоја девојка која стапна на теренот го даде својот максимум. Покажавме сите до една, како треба да се бори за националниот дрес. Можеби во дадени моменти не не посака среќата. не погодивме некои отворени шутеви. Но сето тоа останува зад нас. Фокусирани сме на наредниот натпревар. И да се обидеме да дојдеме до победа на гостувањето во Хрватска“- изјави нашата капитенка Митрашиновиќ.

„Колку што знаеме селекцијата на Хрватска е влезена во проблеми со повреди. Нивниот најдобар играч се повреди на средбата со Грција, па репрезентацијата на Данска го искористи тоа, и победи овде во Славонски Брод. Сметам дека и ние треба да го искористиме тој момент, секако, под услов да се со истиот ростер“ – смета Митрашиновиќ.

Мерит Хемпе исто така одигра два одлични натпревари во Скопје. Посакуваме да биде на нивото и вечерва во Славонски Брод:

„Ни следи третиот меч, со Хрватска на гости. Ќе биде доста тежок дуел. Се работи за тим со добри бекови, не чека и голема борба, исто така, на физички план. Но ние сме спремни да се бориме и да дадеме се од себе“- вели нашиот стартер на центарската позиција пред вечерашниот меч со Хрватска.

 

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

По Халкида, бодовите против Шведска добиваат поголема тежина за Македонија

Македонија го заврши ноемврискиот дел од квалификациите за ракометното ЕП 2028 со...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Два меча за четири дена, едно место за понатаму: Подмладена Македонија тргнува по првото место

Виктор Петровски ќе го почне мандатот на клупата на женската кошаркарска репрезентација...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!