ФудбалФутсал

Проект се распука во градот под Исарот, шампионот Форца го декласираше Осогово!

Сподели
ФОТО: Ilhan Osmani
Сподели

Проект како на тренинг натпревар го декласираше во секој поглед Мал Ајакс во градот под Исарот со убедливи 3:13 и со тоа останува максимален по четири одиграни кола во Првата футсал лига.

Штипјани кои се повратници во елитата беа инфериорни на теренот и немаа капацитет да му парираат на апсолутниот фаворит.

Уште во првиот дел од мечот се беше решено кога одбранат на Мал Ајакс како „швајцарско сирење“ прими седум погодоци за 1:7 на полувреме, а во вториот дел Проект играше како на рутина и ја „искината“ мрежата со 13 гола.

Хет-трик за Проект постигнаа Марио Благојевски и Ѓорги Коцевски, а пак Димитар Јанев беше двоен стрелец. По еден гол постигнаа Бојан Јанев, Кристијан Гавровски, Мартин Тодоровски, Трајче Димитриев и Наум Блажевски.

За домашниот тим во првиот дел погоди Давид Тошев, аво вториот дел стрелаа Иса Дурмишов и Филип Миташев.

Четвртото коло донесе реприза на ланското Куп финале, но овој пат со сосема поинакви сили на теренот – шампионот Форца со 14:5 го декласираше тимот на Осогово од Крива Паланка, кој во целост потфрлува во новата сезона.

Јасир Зекири постигна хет-трик за домаќинот, а пак двојни стрелци беа Еркан Сефери, интернационалецот од Венецуела, Јесус Алејандро Ривас Миранда и Таулант Исмаили беа двојни стрелци, а по еден гол постигаа Иљаз Чилафи, Елиезер Јосе Линарес Морена од Венецуела, Зоран Левески, Артан Јунузи и Бразилецот Игор Рикардо Де Алмеида Постиго.

За гостинската екипа Кристијан Ивановски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Давид Ристовски, Дарио Павловски и Никола Стојмировски.

Балкан на домашен терен загуби од Клими со резултат од 5:8. За дебитантот Фестим Балиќи успеа да постигна два гола, а пак Сулејмани, Реџепи и Реџеп стрелаа по еднаш.

Кај гостите од Кавадарци најмногу расположен за голови беше Мартин Никовиќ кој постигна четири гола, Крстески со два гола, а Цветков и Аризанов по еден гол.

Во скопската пресметка тимот на Јувентус Серава славеше над Шкупи со 5:3. Израмнет меч каде во вториот дел нијанси решаваа по 2:2 во првиот дел.

Османи беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигна Шабани во првиот дел и Аџами како и Мустафа во вториот дел.

За Шкупи во првиот дел стрелаа Фазлиу и Зејнели, а пак во вториот дел погоди Алити.


Кеги Моби можете да направи од готово вересија, но успеа да слави на домашен терен во Велес со 3:2 над Бутел.

Трајче Трајков и Кирил Ивановски погодија за 2:0 на полувреме. Во вториот дел гостинот ја стопи предноста и израмни на 2:2 преку Петар Лазовски и Никола Угриноски кој погоди во 31. минута.

Само две минути подоцна Ангел Гаштев ги постави конечните 3:2.

На врвот е Кеги Моби со 12 бодови, втор е Проект но со меч помалку, а има девет бодови. Бутел е трет со седум бодови, Форца е четврта со два натпревари помалку а има шест бодови.

Клими е на петтата позиција со меч помалку а има шест бодови, шести е Јувентус Серава исто така со шест бода. Шкупи има четири бодови и се наоѓа на седмата позиција, Балкан е осми со три бодови, а на дното без бодови се Балкан и Осогово од Крива Паланка.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!