ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Кратово и Каршиака убедлива, делба на бодовите во Свети Николе

Сподели
Сподели

Екипата на Железарец ја продолжува својата победничка форма и има четири од четири во новата сезона од Втората футсал лига, ланскиот прволигаш сака експресен кам-бек во елитата, а во рамки на 4. коло го доби Конзули од Битола, кој како домаќин играше во Ресен со 1:3.

Мартин Калчев беше двоен стрелец, а еден гол постигна Роберт Илиев, а пак Мирко Богески си постигна автогол.

Кратово го декласираше Карадаку со убедливи 13:4 во спортската сала во Пробиштип, победа најавена уште во првиот дел со 8:1.

Димитар Стојановски имаше пет гола, толку постигна и Горан Арсовски, додека пак по еден гол постигнаа Бобан Начковски, Михаил Спасовски и Никола Стојчевски.

За гостинот стрелци беа Шуајб Шукрија, Омер Саќипи, Јакупи Емини и Саљи Салии.

Убедлива победа однесе и Каршиака, која пак дома го декласираше Партизан Југ со 8:1.


Куршити и Садики постигнаа по два гола, а по еден гол Емини, Ќани, Ибраими и Јакупи, за гостинот Апостоловски беше единствен стрелец.

ССК Скопје на домашен терен немаше сили за позитивен резултат откако загуби од СЕЕ Университи со убедливи 2:6.

Домаќинот прв го отвори резултатот, но затоа гостинот ја наполни брзо мрежата. Здравевски и Димковски беа стрелци за ССК Скопје, а пак за тетовскиот тим Хисен Мемеди постигна четири гола, а Гезим Азизи два.

Во Свети Николе немаше победник, двата поранешни прволигаши ги поделија бодови откако одиграа 1:1. Гостинот од Кавадарци преку Никола Димов по четири минути го отвори резултатот, а Стефан Трендафиловски во 28. ми постави конечните 1:1.

Железарец е на врвот од табелата со 12 бодови, Црна Река е втора со осум бодови, а пак Кратово е трет со седум бодови, на дното е Карадаку без бодови.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Темелков: Тиквеш е незгоден на свој терен, но имаме квалитет и веруваме во себе

Во серија од два меча без пораз е тимот на Брегалница во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!