Трета лигаФудбал

Борец во 92. минута се спаси од пораз во Крушево, Превалец е пресилен, Млекар до три бода!

Сподели
ФОТО: Превалец - Венец
Сподели

Борец спаси „глава“ во 92. минута откако Марко Миловановиќ го постигна голот вреден бод во Крушево за делба на бодовите, откако ланскиот второлигаш од Велес одигра 1:1 со Питу Гули.

Во рамки на 10. коло на Трета лига – Југ за домаќинот стрелец Адмир Угљанин.

Млекар со головите на Ангел Наумоски и Филип Аљакоски славеше победа од 2:0 над Башкими од Јаболичте.

Превалец на домашен терен со 5:2 го декласираше гостинот од Долни Дисан, Венец немаше сили да парира и забележа пораз.

Гостинот преку Димитриевиќ го отвори резултатот, но затоа до крајот на првиот дел резултатот беше 4:1. За Превалец погоди Петров, а од крајот Јордановски еден гол, а пак Стефан Коџабанов беше стрелец на три гола. За гостинот во 71. минута Цветков го ублажи поразот на 5:2.

Ултра со лото победа од 1:7 го „здрви“ Дреново во гости. За домаќинот погоди Стојанов, а пак за готинот Паноски беше стрелец на три гола, а во листата на стрелци се запишаа Мицевски, Славчо Стојчески, Баракоски и Јосиф Стојчески.

Со 5:2 славеше и Младост над Влазними Јуниор со што трите бодови останаа во Кривогаштани, двојни стрелци за домаќинот беа Јанчески и Декорски, а пак Стевче Ангелевски постигна еден гол, за гостинот двапати погоди Хабијл Ибраими.

Нов „кикс“ на Росоман реми со Бучин од 2:2. Шопески и Анѓелески беа стрелци за домаќинот за гостинот Куртишов и Миланов.

Борец е лидер со 25 бодови, но има меч повеќе од Превалец кој е втор со 22 бодови и Питу Гули кој е трет со 20 бодови.


Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Јанев со пресврт до второто коло на Европското првенство за јуниори

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев со голема борба и пресврт успеа да обезбеди пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од селекцијата на Португалија, и остана без шанси за осминафинале на ЕП

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз во низа на Европското првенство, со што остана без шанси за пласман во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!