ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Спартмани слави благодарение на Бојан Митев, во Злеово се слави „петардата“ на Слога!

Сподели
Сподели

Многу погодоци и неверојатни натпревари донесе 5. коло на Општинската фудбалска лига во Струмица или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Најмногу голови имаше во Радово каде екипата на Огражден славеше убедлива победа од 0:7 над „фенерџијата“ Напредок, кој беше инфериорен противник и немаше капацитет да го запре налетот на разиграниот гостин.

Благодарение на двата гола на радовишанецот Бојан Иванов, лидерот Спартмани со 2:1 го доби Единство од Пиперово и со тоа тимот од Балдовци останува на врвот.

ФОТО: Победничка фотографија на ФК Слога Злеово

Во радовишко Злеово се слави големата победа на Слога, која на гостувањето кај Илинден во Добрејци славеше со убедливи 1:5.

Сабри Садилов беше двоен стрелец за Слога, а по еден гол постигнаа Оли Цеков, Рузгар Алемдар и Мите Стоименов.

Екипата на Интер Кукла слави минимална победа од 0:1 над Дрвош во гости.

ФОТО: Екипата на ФК Огражден од Ново Село

На врвот останува непоразениот Спартмани со 13 бодови, а го следи Интер Кукла со 12 бодови како втор. На дното е Напредок од Радово без бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!