Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Петрушевска херој – Истатов го доби дербито! Победи за Саса, Ас Јунајтед и лидерот Љуботен

Сподели
Сподели

Истатов предводен од искусниот стратег Кирил Изов слави во дербито на 13. коло откако во Пржино со минимални 1:0 ја совлада Тиверија Брера. Херој на мечот беше Кристина Петрушевска, која ја казни грешката во одбраната на струмичкиот тим. Голманката Викторија Панџурова беше немоќна да го спречи погодокот. Уште еднаш се потврдува – во Пржино тешко се освојуваат бодови, што претходно го почувствува и шампионот Љуботен.

Каменица Саса рутински со 0:4 го доби дебитантот Вардар на „Цементарница 55“. Драгана Костова отвори во 36. минута, а во вториот дел Бразилката Туане Де Соуза Фрагосо зголеми на 0:2, по што Христина Јовановска погоди за 0:3. Фрагосо со втор гол го постави конечниот резултат.

Ас Јунајтед ја декласираше екипата на Кочани со убедливи 7:0. Двојни стрелци беа Јована Павловска и Веса Села, а гол постигнаа и Кристина Мојоска, Теодора Далческа и Оливера Цоклеска.

Со головите на Кристина Крстева и Рабија Дервиши, тимот на Скопје славеше со 0:2 на гостувањето кај Речица, задржувајќи го чекорот со лидерот.

А токму лидерот и шампион Љуботен со убедливи 5:1 го декласираше Топ Гол во Битола. Во првиот дел погодија Ева Величковска, Елена Симјанова, Јулија Живиќ и Нигериската интернационалка Мариан Огочукву Охадиве. Во второто полувреме Меланија Грозданова зголеми на 5:0, а Мила Коњановска во финишот намали на 5:1.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 13 12 1 0 61 6 +55 37
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 13 12 0 1 38 5 +33 36
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 13 8 0 5 39 12 +27 24
4 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 13 8 0 5 23 17 +6 24
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 13 7 2 4 34 16 +18 23
6 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 13 7 2 4 32 17 +15 23
7 ЖФК РЕЧИЦА 13 3 1 9 19 41 -22 10
8 ЖФК Вардар 2023 13 1 2 10 5 58 -53 5
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 13 1 1 11 8 29 -21 4
10 ЖФК КОЧАНИ 13 1 1 11 7 65 -58 4

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!