Трета лигаФудбал

Камјани сигурен лидер, Вардар Брвеница го слави Ивица Костадиноски!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Лидерот Камјани со убедливи 3:0 го совлада кичевски Напредок, а сите три гола паднаа во второто полувреме, во рамки на 9. коло на Трета лига – Запад. Во 57. минута резултатот го отвори Хузри Џемаили, а до крајот погодија уште Рамадан Шерифи и Арлинд Берзати за ново уверливо славје.

Конечно радост за Љуботен, кој со 3:1 го доби Скендербеу. Хрловиќ погоди уште во 5. минута, Бајрами израмни во 38., но во вториот дел Димитроски и Симљановски донесоа убедлив триумф.

Доброшти загуби дома со 2:4 од Влазерими, а победникот беше најавен уште во првите 45 минути. Двојниот стрелец Мурат Адили и Дрилон Зендели донесоа 0:3, но домаќинот се врати со головите на Муареми (80’) и Хашими (85’). Сепак, во 90. Иве Трифуновски ги постави конечните 2:4.

Голема драма во Тетово – Ренова испушти два гола предност и загуби од Вардар Брвеница со 2:3. Абдулахи Саити донесе предност од 2:0, но Костадиноски и Стојановски израмнија до паузата. Во вториот дел Ивица Костадиноски со својот втор гол направи целосен пресврт.

Натпреварот Џепчишти – Речица е одложен, а Дрита беше слободна во ова коло.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Форма
1 ФК КАМЈАНИ 8 7 0 1 22 8 +14 21 ➖
2 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 8 6 1 1 22 13 +9 19 ➖
3 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница 9 6 0 3 21 12 +9 18 ➖
4 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 7 4 1 2 14 9 +5 13 ➖
5 ФК НАПРЕДОК 1928 Кичево 8 4 1 3 16 14 +2 13 ➖
6 ФК РЕНОВА АД 8 3 1 4 21 21 0 10 ➖
7 ФК ДРИТА 94 8 3 0 5 13 21 -8 9 ➖
8 ФК ДОБРОШТИ 9 2 2 5 17 20 -3 8 ➖
9 ФК СКЕНДЕРБЕУ 8 2 2 4 8 16 -8 8 ➖
10 ФК ЉУБОТЕН 8 1 1 6 5 19 -14 4 ➖
11 ФК РЕЧИЦА 7 0 3 4 10 16 -6 3 ➖
12 ФК ЗАЈАЗИ 0 0 0 0 0 0 0 0 ➖

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!