Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ не знае за пораз – Митров двоен стрелец, БВК Коњаре убедлив со четири гола на Томовски

Сподели
ФОТО: Еуромилк ГЛ
Сподели

Екс прволигашот Еуромилк ГЛ продолжува сигурно кон баражот за Втора лига – непоразениот лидер славеше со 1:3 во Доброшане, совладувајќи го Куманово во дербито на 12. коло од Трета лига – Север. Гостите поведоа во 32. минута со голот на Михаило Митров, а истиот играч удвои во 53. минута. Гезим Бакиевски ја врати надежта за домаќинот во 65. минута, но во 86. Ферди Исмаиловски ги реши сите дилеми за конечни 1:3.

Поранешниот второлигаш Кадино одигра без голови (0:0) против новиот третолигаш Лопати.

Во натпревар со пет погодоци, Беса Слупчане славеше со 2:3 на гостувањето кај Беса Сарај во Љубин. Во првиот дел беше 1:1 – погодија Касуми за гостите и Гафур за домаќинот. Во продолжението Бајрами донесе водство од 1:2, Имери израмни на 2:2, но само минута подоцна Мурсели ги постави конечните 2:3.

БВК Коњаре беше моќен на гостувањето кај Пчиња, славејќи со 1:4, а херој беше Марио Томовски, кој постигна четири погодоци. За домаќинот утешниот гол го даде Пешовски.

Конечно радост за Студеничани, кои со 5:3 славеа над Ржаничино. Двојни стрелци за домаќините беа Абази и Алиу, а Кадри постигна еден гол. Кај гостите двоен стрелец беше Лазев, а Мицевски постигна уште еден.

Аеродром со четири гола во вториот дел ја совлада Фортуна со 1:4.
Два брзи гола постигна Стефан Богдановски (53’, 55’), Ѓурчиновски погоди за 0:3 во 80. минута, а Бериша го ублажи поразот.


Дебитантот Отља испушти два гола предност и одигра 2:2 против Башкими Љуботен, останувајќи единствени без победа.
За домаќинот стрелаа Реџепи и Зендељи, а кај гостите погоди Есени, додека Шерифи несреќно си постигна автогол.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Форма
1 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД 12 11 1 0 52 15 +37 34
2 ФК Аеродром 2018 12 8 3 1 35 17 +18 27
3 ФК БВК КОЊАРЕ 11 8 2 1 34 18 +16 26
4 ФК ФОРТУНА 1975 12 7 2 3 27 15 +12 23
5 ФК ПЧИЊА 2015 12 6 3 3 33 16 +17 21
6 ЗГ ФК КУМАНОВО 11 6 2 3 25 15 +10 20
7 ФК РЖАНИЧИНО 12 5 3 4 34 22 +12 18
8 ФК БЕСА с.Слупчане 12 4 1 7 23 35 -12 13
9 ФК БЕСА – Скопје 11 3 2 6 17 24 -7 11
10 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН 12 2 3 7 24 37 -13 9
11 ФК Студеничан 11 2 3 6 16 31 -15 9
12 ФК ЛОПАТИ 97 11 2 2 7 13 27 -14 8
13 ФК КАДИНО 12 1 3 8 11 42 -31 6
14 ФК ОТЉА 11 0 2 9 11 41 -30 2


Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!