ФудбалЧетврта лига

Напредок против Огражден ќе бара први бодови, во Балдовци дерби за три бодови, ќе биде „пеколно“ во Добрејци!

Сподели
Сподели

Денес на програмата се натпреварите од петтото коло во Општинската фудбалска лига – Струмица, односно четвртата лига по ранг на натпреварување.

Во Радово, екипата на Напредок ќе го пречека тимот на Огражден. Интересен дуел, особено ако се земе предвид фактот што Напредок сè уште го бара својот прв позитивен резултат – има четири порази на четири одиграни средби и е единствениот тим без бодови. Од друга страна, Огражден од Ново Село ќе атакува на својата втора победа сезонава.

Во селото Дрвош, истоимената екипа Дрвош ќе игра против Интер Kукла од Куклиш. Ова е дербито на колото – дуел што може да донесе промена на врвот на табелата. Со евентуална победа, и Дрвош и Интер Кукла би можеле да се искачат на првото место, но само под услов лидерот Спартмани загуби.

На врвот е тимот на Спартмани од Балдовци – единствената екипа без пораз, со скор од три победи, едно реми и вкупно 10 бодови. Спартмани на свој терен ќе го пречека Единство од Пиперово, тим што има три бодови, една победа и три порази и се наоѓа на претпоследното место на табелата.


Во Добрејци, Илинден ќе биде домаќин на Слога од радовишко Злеово. Натпревар во кој домаќинот влегува како благ фаворит – со три освоени бодови може значително да напредува на табелата. Слога, пак, со биланс од една победа, едно реми и два порази, се надева дека може да дојде до триумф и да избега од долниот дел.

Сите натпревари од ова коло се играат денес со почеток од 13:00 часот.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!