МагазинРакомет

На полувреме со… Дејан Кукуловски-левиот бек на Охридската ракометна Тврдина

Сподели
Сподели

Во рубриката „На полувреме со…“ го претставуваме тимот на Охрид во нивната најопуштена верзија – со насмевки, шеги и искрени моменти пред важните мечеви. Денеска на ред е Дејан Кукуловски, играч кој секогаш внесува борбеност, енергија и стабилност во играта, без разлика дали е во офанзива или дефанзива.

По големата победа над Алкалоид, атмосферата е подигната, тимот има силна самодоверба, а тренинзите се полни со добри вибрации. Пред дуелот со Слога Добој, му поставивме на Кукуловски серија забавни, брзи и нестандардни прашања – за соиграчите, за теренот, за ритуалите, и атмосферата на тренинг. Ова е дел од вистинското лице на тимот – она кое не се гледа секогаш на терен, но многу зборува за хемијата во соблекувалната.

  • Пенал или зицер – што повеќе сакаш да шутираш?

-Зицер, дефинитивно.

  • Кој соиграч најдобро те „чита“ на теренот?

 -Ги има повеќе, па затоа не би издвојувал само еден.

  • Кога играш дома – повеќе те мотивира публиката или противникот?

-На секој натпревар се трудам да сум максимално фокусиран, но секако публиката е, исто така голем мотив плус.

  • Ако мораш да избереш – гол или асистенција што ќе ја памети цел тим?

-Гол, се разбира.

  • Подобро чувство –тесна или убедлива победа?

-Тесна победа.

  • Дали имаш нешто „среќно“ што секогаш го носиш на натпревар?

-Немам.

  • Што е полошо – промашен гол или загубена асистенција?

-Па, мое мислење е дека е подеднакво лошо.

  • Кој од твоите соиграчи е најгласниот во соблекувалната пред меч?

-Давид Савревски.

  • Кој соиграч најдобро те бодри кога нешто не тргнало како што треба?

– Па, секој од соиграчите го прави тоа за секого.

  • Кој противник најтешко го пробиваш еден на еден?

– Не би издвојувал некој посебно, бидејќи има многу добри играчи во лигата.

  • Какво чувство владее кај вас пред дуелот со Слога Добој?

-Одлично, навистина сите со нетрпение го очекуваме овој дуел.

  • Каде мислиш дека ќе се реши резултатот- дома или на реваншот?

-Па, со оглед на тоа дека вториот меч се игра на гостински терен, ќе кажам на реваншот.. а ние ќе пробаме да направиме што подобра гол – разлика за да ни биде полесно на реваншот.

  • Кој од соиграчите мислиш дека ќе го постигне првиот гол против Слога Добој?

 -Иван Тасески.

  • Дали очекуваш тесен резултат или убедлива победа?

– Се надевам убедлива за, како што кажав, да ни биде полесно на реваншот.

  • Кој сегмент од играта мислиш дека ќе биде клучен? Офанзива, дефанзива или пак, домашен терен и тимски дух?

-Па мислам дека дефанзивата е секогаш клучна, но секако дека секој сегмент си има своја тежина и големо влијание, така што, мораме да бидеме максимално фокусирани.

  • Што би  им порачал на навивачите пред дуелот со Добој?

-Ги повикувам сите наши навивачи и навивачката група Рибари, да дојдат во што поголем број и заедно да славиме победа во првиот дуел.

 

ФОТО: ГРК Охрид

Дејан Кукуловски уште еднаш покажа дека зад секоја борба на паркет стои тимска хемија, карактер и многу смеа во соблекувалната. Неговите одговори ја откриваат природната енергија на охридскиот тим – сплотена, опуштена кога треба, но бескомпромисна на терен.

Пред дуелот со Слога Добој, останува само едно јасно: Охрид ќе влезе со срце, со тимски дух и со желба да покаже уште еднаш колку силно чука оваа екипа. А ако судиме по атмосферата – подготвени се да дадат многу повеќе од само добра игра.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Поврзани написи
Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата...

Ракомет

Томче Трајчевски ја засили Преспа, ресенчанецот се врати дома

Прволигашот Преспа за новата сезона ќе има искусно име во своите редови,...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна...

Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!